Лани петнаесет работници загинале на работно место

Петнаесет работници лани го загубиле животот на работно место. Во нивна чест Македонското здружение за заштита при работа симболично засади 15 дрвца во парк во Аеродром, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Во Макеоднија се гине на работното место, велат од здружението, пренесува ТВ Телма, посочувајки ги статистиките од годишниот извештај за 15 загинати и 93 повредени работници



Во Скопје лани загинале тројца рабтници, по двајца во Тетово, во Куманово, во Струмица, во Охрид. Скопје е на врвот и по бројот на повредени – 30 работници за една година. Зад него се Куманово со осум и Гостивар со седум.

Извор: https://telma.com.mk/2024/04/28/petnaeset-rabotniczi-zaginale-93-bile-povredeni-na-rabotni-mesta-lani/