Лани докторирале 215 лица од кои 106 жени

 

Со звањето доктор на науки во 2024 година се здобиле 215 лица, што претставува зголемување од 23,6 отсто во однос на 2023 година, објави Државниот завод за статистика.



Според податоците што ги објави ДЗС, најмногу 22,4% докторирале во областа на здравствената и социјалната заштита.

Потоа 16,7 отсто во уметноста и хуманистичките науки, потоа бизнис, администрација и правда 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и информации 11,6 отсто, додека останатите области имаат помал процент на застапеност“, соопштуваат од ДЗС

Од вкупниот број на лица кои докторирале во 2024 година, 106 или 49,3 отсто од нив се жени.