Ланец маркети го повлекува производот од продажба, велат и без сметка ги враќаат парите

Сериозни проблеми кај дел од храната во соседството. Голем малопродажен синџир итно го повлекува прехранбениот производ поради опасност по здравјето на потрошувачите, јавува Даница.хр. Станува збор за Випро ајвар, благ домашен од 550 грама, производител Мистрал Сплит, рок на траење до 30 април 2026 година, се повлекува, се вели во соопштението на Кауфлнад.



Малопродажниот синџир ќе ги рефундира парите одма и без фискална сметка, односно без фактура.

Според медиумите, во пакувањето имало големо присуство на стакло, конкретно внатре во производот, односно во теглата, така што потрошувачите се изложени на ризик од повреда доколку случајно го консумираат. Затоа се повикуваат клиентите да не го јадат, туку да го вратат производот во најблискиот Кауфланд.

Најчитани статии Дебата на тема: Како да не исчезнат Македонците
Сопственикот на time.mk на Мицкоски и поглаварот Стефан им предлага решение за македонската ,,Белата чума”