Лазаров: Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив!

Тренерот на Алкалоид и селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, не ги штедеше комплиментите за своуте играчи по триумфот на Алкалоид од 29:25 над АЕК во Атина во првиот натпревар од финалето на Евртопскиот куп на ЕХФ.



„Морам да им честитам на момчињата! Секоја чест за овие момци Македонци! Се гордеам со нив! Се договоривме да бидеме храбри и мудри и така беше во текот на целиот натпревар иако воопшто не беше лесно со оглед на целокупниот притисок. Голманите беа на одлично ниво. Да, сите придонесоа многу за да дојдеме до оваа голема победа од четири гола разлика, но мора да знаеме дека имавме вкупно 18 одбрани. Да не беше така, сигурно и резултатот нема да беше тој. Сè што се договоривме во 90 проценти го исполнивме“, изјави најдобриот македонски ракометар на сите времиња по мечот во Атина.