Селекторот Кирил Лазаров не ја криеше радоста од величествениот пласман на Светското првенство 2025 во Хрватска, Норвешка и Данска со анулирање на поразот од седум гола разлика од Фарски Острови во Торсхавн.
„Ние како Македонци се бориме со нашиот лош менталитет, бидејќи мора да биде лошо за ние да се издигнеме. Можеби имаме лош менталитет, но имаме големо срце. Ова ми е среќен ден бидејќи со мојата Македонија, со млади момци од македонската лига, успеавме да одиме на Светско првенство“, изјави најдобриот македонски ракометар на сите времиња, сега предводник на националниот тим од клупата, по победата од 34:26 во арената „Борис Трајковски“.





