Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди на Меѓународната конференција на азиските политички партии за наводните обиди на НАТО-алијансата да се врати во Авганистан, објавува авганистанскиот Толо Њуз.
Лавров рече дека по „хаотичното“ повлекување од Авганистан, НАТО сега се обидува да се врати во земјата. Според него, НАТО се обидува да ги пронајде сојузниците на Москва во Централна Азија и врши притисок врз нив да изберат помеѓу Русија и САД.
„По срамното повлекување на НАТО од Авганистан пред четири години, алијансата повторно се обидува да најде нови точки за влез во земјата. Тие активно вршат притисок врз нашите пријатели, сојузници и стратешки партнери во Централна Азија и се обидуваат да го наметнат својот добро познат концепт „или со нас или со Русија“, рече Лавров.
Ова не е прв пат Русија да изрази загриженост за наводниот обид на НАТО да се врати во Авганистан и регионот.
Новонастанатата ситуација ја објаснува Џанат Фахим Чакари, авганистански политички аналитичар:
„Соединетите Американски Држави немаат интерес за воено присуство во Авганистан. Сепак, овие руски изјави укажуваат дека Русија сака да формира антизападен блок во регионот и да го претвори Авганистан во свој сојузник“, вели Чакари.
Бајден ја објави одлуката за повлекување на трупите од Авганистан до 11 септември






