Лавров: Европски мировници во Украина ќе значи дека НАТО влегол во војна

Русија отфрла каков било компромис за потенцијалното распоредување на европски мировници во Украина.



„Секое присуство на европските мировни сили во Украина ќе се смета за „официјално учество на НАТО во војната“, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Русија нема да дозволи тоа да се случи“, рече Лавров.

Тој ги критикуваше и најавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потенцијалната употреба на нуклеарно оружје, нарекувајќи ги директна закана за Русија.

Лавров ги осуди изјавите како непромислени и опасни, предупредувајќи дека таквата реторика само ги ескалира тензиите.