Протест пред Град Скопје поради проблемите со јавниот превоз, најави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за петок (22 ноември)
„Луѓето чекаат по два до три часа на минусни температури и не можат да стигнат до своите дестинации. Не можеме да дозволиме ова да продолжи“, изјави Дудуш.
Тој ги повика сите граѓани на Скопје, без оглед на етничката припадност, да се приклучат на мирниот протест, бидејќи проблемот го засега целиот град.
Дудуш очекува дека протестот ќе поттикне надлежните институции да преземат мерки за подобрување на јавниот превоз.
Жителите на Шуто Оризари, особено во последниве студени недели, се соочуваат со големи проблеми при транспортот, што ги принудува да бараат скапи алтернативи како такси, што значително го оптоварува нивниот буџет.





