Курти ја обвини Србија за терористички напад

Синоќа во експлозија бил оштетен воден канал во северно Косово.



Станува збор за водниот канал „Ибар-Лепенец“ кај Зубин Поток во северно Косово, што претсрставува напад на критичната инфраструктура на земјата, а од увидот на стручни тимови на местото на настанот е заклучено дека експлозијата била намерна.

Премиерот Албин Курти ја обвини соседна Србија за „терористичкиот чин“, пренесе Ројтерс.

Нема извештаи за повредени или причина за експлозијата, која влијаела и на снабдувањето со вода за пиење.

Српските власти не одговорија на барањата за коментар, а Ројтерс не најде непосредни докази дека Белград е вмешан.

„Ова е криминален и терористички напад чија цел е да се уништи нашата критична инфраструктура“, рече Курти во телевизиско обраќање.

Тој рече дека дел од земјата може да остане без струја доколку проблемот не се реши до утро.

Изразувајќи ги етничките тензии меѓу двете балкански земји, Курти го повтори ставот на косовскиата претседателка Вјоса Османи обвинувајќи ги српските криминални банди за експлозијата без да обезбеди докази.

Претходно вчера, косовската полиција најави засилени безбедносни мерки по двата неодамнешни напади со рачни бомби врз полициска станица и општинска зграда во северно Косово, каде живеат етнички Срби.

Не е јасно дали инцидентите се поврзани.

Локалните медиуми покажаа слики од дел од уништениот канал и протекување на вода, како и зголемено полициско присуство на местото на настанот.

Шефот на водостопанството Ибер-Лепенци, Фарук Мујка, за локалниот портал Калксо изјавил дека во каналот била фрлена експлозивна направа, која го оштетила ѕидот на мостот.

Амбасадорот на ЕУ во Косово, Ајво Орав, го осуди нападот, за кој рече дека веќе „одземале значајни делови од Косово од снабдувањето со вода“.