Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека нападот во петокот на каналот за вода Ибар-Лепенец кај Зубин Поток, е поврзан со нападите што Русија ги изврши врз енергетската инфраструктура на Украина во последните месеци.
„Целта беше да се остави голем дел од земјата без вода, на студ и без комуникации. Овој напад се чини дека е поврзан со масовните напади на Руската Федерација против Украина“, рече Курти.
„Се чини дека овој напад е поврзан со масовните напади на Руската Федерација врз Украина, врз енергетската инфраструктура“, рече тој.
Според него, целта е „конечно населението да се доведе до минимални витални услови за егзистенција и да се наштети на животот и безбедноста на граѓаните“.
„Истовремено, имаме напади врз објектот на општина Звечан“, рече Курти.
Курти за време на конференцијата покажа фотографија на која тврди дека се ознаките на воените единици на руската армија, запленети за време на саботната операција на косовската полиција на северот на земјата.
„Пронајдени се десетици ознаки на руски воени единици. Овие ознаки припаѓаат на специјални руски единици“, додаде Курти.





