Косовскиот премиер Аlбин Курти застана на чело на „Парадата на гордоста“ која ја афирмира различноста и се спротивставува на стигматизирањето на ЛГБТ заедницата од општеството, пренесува приштинска „Коха“.„Парадата ја афирмира различноста и се спротивставува на стигматизацијата. Ако веруваме во човековите права, тогаш мора да ги отфрлиме предрасудите. Некои луѓе се различни, некои луѓе се многу различни, но сите сме луѓе и треба да бидеме еднакви. Еднаквоста е таа што ни овозможува да се обединиме, го спречува исклучувањето и гарантира инклузивност. Затоа учествував на парадата, бидејќи нашата независна земја е демократска република која никого не исклучува и на сите им гарантира еднаквост“, изјавил Курти.



Претседателката на пратеничката група на Самоопределување, Мимоза Кусари Љиља, која покрај Курти присуствувала на Парадата на гордоста во Приштина, порачала дека ЛГБТ заедницата треба да биде прифатена во општеството и дека не смее да им се прекршуваат правата.

Градоначалникот на Приштина, Перпарим Рама истакнал дека на секој човек треба да му се дозволи да биде тоа што е и дека треба многу повеќе да се направи во таа насока, со оглед дека ЛГБТ заедницата се вознемирува без причина.