Куновска: СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро ни за СДСМ ни за државата

Поранешната пратеничка и експретседателка на скопската Градска организација на СДСМ, Софија Куновска, ја коментира агонијата во која се наоѓа нејзината партија по дебаклот на неодамнешните претседателски и парламентарни избори.



„Секогаш кога изнесував забелешки, пред себе имав верба дека ќе охрабрам уште некој да се спротистави на пропаста што ја живеевме и нема да ја пуштиме низ вода надежта на реки студенти и граѓани кои во 2016-2017 година маршираа низ улиците на градовите низ целата држава жедни за праведно и просперитетно општество. За жал, тоа не се случуваше или барем не навреме. И затоа денес СДСМ е со 150.000 гласови доверба и историски дебакл. Сметките на голем дел функционери се дебели, а надежта на граѓаните многу тенка. СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата“, напиша Куновска на Фејсбук.