Кумуцакос со три забелешки до премиерот Ципрас

Министерот за надворешни работи во сенка на Нea демократија (НД), Јоргос Комуцакос, испрати три забелешки до Алексис Ципрас , по средбата на грчкиот и македонскиот премиер во Давос.



  1. Ципрас не ја посочил потребата од промена на уставот на соседната земја, што беше единствената вистинска гаранција за обезбедување крај на секој израз на иредентизам од страна на Скопје.
  2. Преименувањето на автопатите на скопскиот аеродром и на БЈРМ, најавено од Заев, енешто што може лесно да се отповика во иднина или од (некоја) друга влада во Скопје. Освен тоа, ова е обврска на Скопје според член 7 од Времената спогодба од 1995 година.

Наспроти тоа, Грција даде нешто што дефинитивно не може да се отповика: Имено, нејзината поддршка за кандидатураа на БЈРМ во Јадранско-јонската иницијатива и ратификација на втората фаза од договорот за асоцијација на Скопје со ЕУ во грчкиот парламент, пренесуваат грчки медиуми.

  1. НД е особено загрижена дека преговорите, се чини, се движат во правец на логиката за „одвојување“ на проблемите, додека долготрајната позиција на Грција беше дека решението за прашањето за името erga omnes и укинувањето на иредентизмот се единствена и неделива целина, кои заедно го сочинуваат условот за овозможување на процесот за покана на БЈРМ во НАТО кон ПЈРМ и за започнување процеси за нејзино пристапување во ЕУ.

Кумуцакос ја повика владата да одговори јасно на овие три прашања и додаде дека НД ќе направи нова проценка на ситуацијата „кога ќе знаеме се што е договорено во оваа фаза“.