Македонскиот капитен Филип Кузмановски одново е најдобар стрелец на 29. Светско првенство за ракометари во Хрватска, Данска и Норвешка со 41 гол, еден повеќе од досегашниот лидер Рутгер тен Фелде од Холандија, кој го дели второто место со Франкис Марзо од Катар.
Во категоријата голови плус асистенции бекот на „црвено-жолтите“ остана втор со збир 58 (41+17), зад Матијас Гидсел од Данска со 67 (39+28), а трет е Марзо со 53 (40+13).
Седумнаесетте асистенции, пак, го позиционираат Кузмановски на 10 место во оваа категорија, во која води Лук Стајнс од Холандија со 31, пред Гидсел, Џим Готфридсон од Шведска и Родриго Салинас од Чиле со по 28.






