Филип Кузмановски го заврши 29. Светско првенство за ракометари на делба на првото место на листата на стрелците по главната фаза заедно со Матијас Гидсел од Данска, двајцата со по 49 гола, а трет е Рутгер тен Фелде од Холандија со 46.



Во категоријата голови плус асистенции македонскиот капитен е втор со збир 67 (49+18), зад Гидсел со 79 (49+30), а пред Ајуб Абди од Алжир со 62 (34+28).

Само според асистенциите, пак, бекот на „црвено-жолтите“ го дели 11. место со уште осуммина.

Десното крило Ненад Костески ја дели 10. позиција според освоените топки, вкупно 6, а голманот Марко Кизиќ го дели 12. место со Реми Десбоне од Франција, двајцата со по 34 проценти одбранети удари (Кизиќ има 31 одбранети од 91 удари).