Филип Кузмановски е втор во две статистички категории по првото коло од главната фаза на 29. Светско првенство за ракометари – по бројот на постигнати погодоци и според збирот на голови и асистенции.



Македонскиот капитен на четири натпревари постигна 34 гола од 48 удари (73 проценти реализација) и пред него е само Рутгер тен Фелде од Холандија со 37/45 (82 отсто), а трет Матијас Гидсел од Данска со 33/49 (67 отсто).

Во категоријата голови плус асистенции Кузмановски има збир 49 (35+14), лидер е Гидсел со 59 (33+26), а третото место со по 43 го делат Ренарс Ушинс од Германија (29+14) и Албин Лагергрен од Шведска (31+12).

Само според асистенциите, пак, бекот на „црвено-жолтите“ се искачи на делба на деветтата позиција.