Во ексклузивното интервју најавено од Илон Маск на негвата социјалната мрежа „X“, Доналд Трамп ја нападна неговата противкандидатка во биката за Белата куќа, Камала Харис, затоа што го избрала Тим Валц за свој потпретседател.
Како што рече Валц како гувернер на Минесота потпиша предлог-закон за прогресивна државна политика кој предвидува бесплатни производи за менструација во училиштата.
„Па, нејзиниот потпретседател одобри, потпиша закон, тампони во тоалетите за момчиња“, рече Трамп.
„Да, тоа е чудно“, одговори Маск.
„И тоа значи дека и таа верува во тоа“, рече Трамп.
„Да, тоа не е точно“, додаде Маск.
Во подолгото интервју кое доцнеше 40-на минути заради наводен напад на „Х“, поранешниот претседател Трамп рече дека обидот за атентат „не бил пријатен“. „Тоа беше тежок удар.
Милијардерот рече дека одлучил да ја поддржи претседателската кандидатура на Трамп бидејќи му се допаднало однесувањето на Трамп по неуспешниот обид за атентат во Батлер, Пенсилванија минатиот месец.
Трамп потоа ја крена тупаницата во воздух и почна да скандира „бори се, борба“, што Маск го нарече „неверојатно инспиративно“.






