Актуелниот носител на признанието за најдобар фудбалер на светот, “Златна топка”, потврдил дека неговата девојка Георгина Родригез е бремена, пишуваат шпанските медиуми. Според нив, Португалецот одговорил потврдно на прашањето на El Mundo Deportivo, кое гласело: дали е среќен што наскоро ќе има уште едно бебе во семејството.



“Да, среќен сум за тоа што претстои”, рекол Кристијано што на Пиринејскиот полуостров се толкува како потврда за бременоста на неговата девојка.

Шпанските медиуми виделе и дека Георгина на Instagram следела агенции за луксузни венчавки, па сосема очекувано тргнаа гласини дека многу скоро може да има и свадба. Роналдо веќе е татко на три деца. Кристијано Јуниор има седум години, а близнаците Ева и Матео се стари само неколку недели. И трите дечиња се од сурогат мајки.