„Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки“, изјавија од крилото на Арбен Таравари во поделената Алијанса за Албанците откако каналите за информирање биле хакирани од злонамерни поединци.
„ Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени“, велат од партијата на Таравари.






