Криза во СЕЕБРИГ, Грција лута на Македонија и Турција

Врвот на грчката армија е лута на македонското министерство за одбрана и на турските воени власти затоа што на јавноста и дале различни информации од тие што за заедничкиот настан на СЕЕБРИГ (Бригада на југоисточна Европа) ги дала грчката армија.



Според соопштението на генералштабот на грчката армија во Лариса се собрале земји со кои Грција дели исти грижи во безбедноста а СЕДМ инцијативата која опфаќа земји од југоисточна Европа служи на сите луѓе во регионот и ги подобрува добрососедските односи.

Дел од грчките медиуми ова сопштение го сметаат за наивно затоа што сооштенијата на Македонија и Турција свесно дала поинаква слика за средбата од онаа презентирана од грчката армија.

За разлика од Турција која што на својата и на меѓунардоната јавност и порачала дека Европа и аплаудира на турската влада на Македонија и се забележува дека во своето соопштение го користи уставното име на земјата.

ALPAY

Грците забележуваат за тоа што во Македонското соопштение се зборува за билатерални средби на македонските претставници со турската, грчката и бугарската делегација.

Иако досега била вообичаена практика сите делегации да објават свои соопштенија за јавност годинава за прв пат за Грција тоа е проблем.

Познавачите оваа ситуација ја поврзуваат со се посилниот притисок на Грција кон Македонија и засилените обвинувања дека Македонија ја крши времената спогодба. Обвинувањата дека претставниците на АРМ го прекршиле протоколот на СЕЕБРИГ најверојатно ќе бидат искористени во дебатите во НАТО кога алијансата ќе го започне процесот на прием на Македонија.

Грција од пред неколку недели прави „Црна листа“ на инциденти во кои што се инволвирани македонски официјални претставници и на неа најверојатно ќе биде ставен и наводниот „инцидент“ во кој Македонија е обвинета дека во своето соопштение го користела уставното име.

FYROM

СЕДМ иницијативата претставува процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (ЈИЕ) и тоа: Македонија, Италија, Грција, Албанија, Бугарија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, САД и Украина и две земји набљудувачи, Молдавија и Грузија.
Првпат беше инициран во март 1996 година, во Тирана, како прв од серијата состаноци на министрите за одбрана, замениците министри за одбрана и замениците началници на генералштабови на земјите од Југоисточна Европа. Суштината на СЕДМ процесот е јакнење на разбирањето и политичко-воената соработка во регионот, со цел подобрување на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ.
Во рамки на СЕДМ функционира Бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ) која е составена од седум членки Македонија, Албанија, Турција, Грција, Италија, Бугарија и Романија.