Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател изјави дека специјалната воена операција во Украина веќе се претворила во војна поради вмешувањето на Западот.



Русија е во состојба на војна, рече тој и повика на внатрешна мобилизација во руското општество.

Портпаролот на Кремљ рече дека Русија мора да ги „ослободи“ своите „нови региони“ за да ја обезбеди безбедноста на луѓето таму, мислејќи на четирите украински региони што Русија најави дека ќе ги припои во 2022 година.

Киев во континуитет тврди дека војната нема да запре додека последниот руски војник не биде протеран од суверените украински територии, вклучувајќи го и Крим.

Песков нагласи дека Русија нема да дозволи да постои држава на нејзините граници, подготвена да користи какви било методи за да го врати Крим.