Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека има слики во неговата канцеларија на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори.
Магазинот Тајм, кој го посети украинскиот претседател во неговата канцеларија, опиша три слики во масло кои висат над креветот.
На едната е прикажан руски воен брод како тоне во Црното Море, на друга украински војници во борба на руска територија, додека третата која Зеленски го опиша како негова омилена – го прикажува Кремљ зафатен во пламен.
„Секоја од нив е за победа“, рече претседателот.
„Таму живеам“, накратко додаде тој.






