Крвнички претепан градоначалникот на Шутка

Градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам, попладнево бил нападнат и претепан од група насилници со метални шипки.



Синот на пратеникот Амди Бајрам е повреден додека одржувал средби со граѓаните како дел од предизборната кампања.

Од крвничкото тепање Бајрам паднал во безсознание. Екипата на брзата помош која била повикана по инцидентот констатирала тешки повреди и тој веднаш бил одвезен во Градската општа болница.

Според директорот на ГОБ Бајрам има посекотина  која е веднаш сошиена. Градоначалникот нема скршеници или потрес на мозото и немал други повреди поради што вечерва ќе ја мине со семејството дома.

Инцидентот се случил кога сеуште неименувано лице за време на говор на предизборен митинг  одзади го удрил со метална шипка.

Бајрам досега два пати бил градоначалник на Шуто Оризари.