Крај на драмата со исчезнатиот Владимир Бурев

По 24 часовна драма исчезнатиот Штипјанец Владимир Бурев е пронајден жив и здрав.



За него вчера семејството пријави дека исчезнал во 4 часот наутро по што неговата мајка побара помош од граѓаните за тој да биде пронајден, а апелот масовно се споделуваше на социјалните мрежи.

Денеска наутро дејството објави дека тој е дома, жив и здрав без да даде детали каде бил Владимир.

Семејството се заблагодари на сите за поддршката.

Информациите дека тој е дома ги сподели неговата сестра.