Екстремно десничарската Алтернатива за Германија(АФД) има големи шанси дапобеди во германските покраини Тирингија и Саксонија каде денеска се одржуваат избори за покраинскиот парламент, пренесува „Ројтерс“.



Доколку тоа се случи, АФД ќе го зголеми нејзиниот притисок врз федералната коалиција на канцеларот Олаф Шолц врз економијата, имиграцијата и поддршката за Украина.

Но, „Алтернатива за Германија“ тешко дека ќе може сама да формира влада, бидејќи според првичните прогнози нема да го има потребното мнозинство, а другите партии одбиваат да соработуваат со неа.

Сепак, тоа ќе биде првпат екстремно десничарска партија да освои најмногу места во локален парламент по Втората светска војна.

Овој нејзин успех најверојатно ќе и даде можност да ги блокира уставните измени и да ги замрзне именувањата на некои судии.

Според прелиминарните податоци, Алтернатива за Германија ќе освои 30% во Тирингија и ќе биде речиси 10% пред конзервативците.

Според прогнозите за Саксонија, таму „Алтернатива за Германија“ ќе биде на второто место. „Ројтерс“ пренесува дека изненадувања ветува и новосоздадениот крајнолевичарски сојуз на Сара Вагенкнехт.