Светската турнеја на пионерите на електронската музика, легендарните КРАФТВЕРК ќе го опфати и Скопје каде тие доаѓаат за да приредат 3-Д шоу. Концертот на германската музичка авангарда е во организација на ТАКСИРАТ и Password Production и ќе се одржи на 27 февруари 2018 година во Вип Арена „Борис Трајковски“. Наскоро ќе биде објавена цената на билетите кои ќе бидат пуштени во продажба во среда, на 11 октомври во 10 часот, преку продажната мрежа на МкТикетс
За загревање еве го најголемиот хит во 50 годишната работа на Крафтвер, Das Model.




