Стефон Кари имаше една од најдобрите партии во кариерата, а тоа на неговиот Голден Стејт му овозможи лесен триумф кај Клиперси од 121-105. Плејот на НБА шампионот за само 29 минути уфрли 45 поени, од тоа 8 тројки од десет обида и потврди дека од повредата се вратил комплетно фит. Вориорси дојдоа до 30 победи во сезоната и водат затоа што имаат само 8 порази иако Бостон на другата страна од американскиот континент дојде до 33 успех. Слетикси се беспрекорни и имаат 10-0 кога противниците ги држат под 90 коша што се покажа како добар рецепт и против Бруклин кој беше совладан со 87-85. Од останатата саботна програма за издвојување се и поразот на Хјустон кај детроит 108-101 затоа што е седми во последните 9 настапа и победата на Кливленд со Орландо од 131-127 затоа што е втора во 6 завршни меча.




