Околу 50 шефови на држави го потврдија своето присуство на погребот на папата Франциск во сабота, 26 април, соопшти Протоколната канцеларија на Државниот секретаријат на Ватикан.
Агенцијата АНСА објави дека десет владејачки монарси и вкупно 130 делегации го најавиле присуството на погребот.
Повеќе од 50 000 луѓе поминаа покрај исповедниот олтар во последните 24 часа откако ватиканската базилика се отвори за верниците завчера наутро.
Папата Франциско, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, почина на Велики Понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во неговата резиденција во Ватикан, Каса Санта Марта.
Тој беше 266-тиот папа на Римокатоличката црква, првиот од Америка, првиот језуит и првиот понтиф роден надвор од Европа во повеќе од еден милениум. (РСЕ)





