Крадци ограбиле манастир по Велигденските празници

Во атарот на село Обршани, општина Кривогаштани синоќа е ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.



Информацијата ја споделија со јавноста преку видео од безбедностите камери на манастирот.

Настанот се случил ден по Велигденските празници.

„Во текот  на ноќта (23.04.2025 година) манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор, објавија на официјалната фејсбук страна од црквата.