Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше свечен прием за ракометарите од РК „Еурофарм Пелистер“, кои беа дел од македонската машка ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет 2025 година.
Првенството се одржа од 14 јануари до 2 февруари во Хрватска, Данска и Норвешка, а македонските ракометари со својата игра уште еднаш го потврдија спортскиот напредок на македонскиот ракомет но и на ракометна Битола.
Градоначалникот Коњановски им се заблагодари на спортистите за нивниот ангажман, истакнувајќи дека нивниот успех е од големо значење за градот и македонскиот спорт.
Признанија за битолските ракометари
На приемот, Коњановски им додели плакети за особен придонес во ракометната репрезентација на Македонија на ракометарите:
• Филип Кузмановски
• Петар Атанасијевиќ
• Павле Атанасијевиќ
• Жарко Пешевски
• Ненад Костески
• Никола Митревски

Покрај тоа, градоначалникот Коњановски изрази јавна благодарност и кон битолските ракометари Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се дел од екипата на РК „Алкалоид“.
„Битола има голем спортски потенцијал, но и значајни ракометни успеси. Ви благодарам што бевте дел од една силна екипа, која со својата храброст и тактичност се избори за пласман на Светското првенство, деветто во нашата историја. Вие сте наша гордост, а вашите достигнувања се резултат на долга и напорна работа“, изјави Коњановски.
Повеќе детали на Булевар.мк






