Кој ќе беше виновен ако овие две Скопјанчиња вчера загинеа? (ВИДЕО)

Кој ќе беше виновен ако овие две Скопјанчиња вчера загинеа е прашањето што се поставува по гледањето на ова видео објавено од скопски возач кого присебноста го спасила од инцидент и можни санкции.



Во моментот додека тој со дозволена брзина се вози по еднонасочна улица од спротивен правец доаѓа електричен мопед на кој се возат две деца.

Видеото е снимено позади Ист Гејт на улицата која оди од населбата Ќерамидница кон МРТВ.

Настанот се случил вчера на 15 Јуни во 19 часот и 42 минути.