Денеска се навршуваат 29 години од атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров, но организаторите и актерите, останаа непознати.



Бомбата била поставена во „цитроен АМИ-8“ на улицата Македонија кај хотелот Бристол во Скопје, покрај кој минувал службениот „мерцедес С-500“ со кој Глигоров од претседателската резиденција одел на работа во Собранието. Пред Ситроенот возело „фиќо“, кое му го забавило патот на автомобилот токму во моментот кога експлодирала бомбата, за кое сè уште не е јасно кој го возел и зошто. Било изутрина, 9 часот и 50 минути, 1995 година.

Во експлозијата „цитроенот“ беше целосно распарчен, а видна штета била направена и врз Мерцедесот. Фотографијата од Мерцедесот, покај кој има насобрани луѓе тогаш осамна во медиумите. Таа беше една од ретките фотографии од настанот. Години подоцна беа објавени фотографии од тоа како денес изледа „мерцедесот“, потсетува Плусинфо

Во атентатот загинa возачот Александар Спировски, а бил повреден телохранителот Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегнал и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Глигоров бил итно пренесен во болница со тешки повреди на главата.

По тешката, но успешна операција од неврохирургот Јовица Угриновски, македонскиот претседател успеа да се појави во јавноста една година подоцна 14 јануари, на годишната средба со шефовите на странските дипломатски мисии во Македонија.

По атентатот, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски,  како нарачатели ги посочил бугарската озлогласена бизнис-групација „Мултигруп“, југословенската тајна служба „КОС“, а беше спомната и т.н. „Братиславска врска“, но не се пронајдени цврски докази околу нивната вмешеност во атентатот….

Целиот текст на следниот ЛИНК