Пред три дена студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа.
Само малкумина знаат дека цели четири години во Собранието на Македонија една пратеничка секоја година во расправата за буџетот барала пари за доизградба на зградата на ФИНКИ.
Професорката Гордана Силјановска Давкова која сега е кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ во Декември пред министерот за образование и владата барала да не се фрлаат пари за неуспешни универзитети туку да се заврши објектот кој произведувал врвни светски кадри.

,,❗️Проблемот со ФИНКИ е проблем на оваа власт. Четири години го адресирам во Собранието, но попусто”, говорела Силјановска.
Видеото во кое Силјановска бара помош за ФИНКИ на овој линк:
https://www.facebook.com/share/r/xjvRSE1gUH8trZWr/
Откако владата 4 години ги одбивала барањата на Силјановска завчера на протестот под мотото „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“, студентите поставија импровизирана училница со цел да привлечат внимание за нерешните просторни услови.
Поддржан од неформалната организација „Студентска револуција“, протестот следува по серија на заклучоци донесени од управата на ФИНКИ на седницата одржана на 18 овој месец. Во заклучоците, факултетот побара од Владата да донесе одлука за времено или трајно користење на објектот на КП бр. 1856, КО Карпош, без надомест, и да го задолжи Министерството за образование и наука да обезбеди соодветен простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование во рок од три месеци. На ова денеска реагираа од Бирото за развој на образование, од каде што соопштија дека го поддржуваат Факултетот во залагањата да обезбеди соодветни услови за настава и трајно да го реши просторниот проблем, но, дека се против барањата на ФИНКИ за дислоцирање на БРО.






