Кој каде може да победи на локалните избори во општините со значителен број Албанци

Според распоредот на силите во моментов и бројот на освоени гласови на последните избори според анализите и анкетите кои се во тек во Македонија има 17 општини каде за градоначалник и за доминација во советите ќе се борат политичките партии на Албанците во Македонија.



Според анализите на две партии кои правата анкети во моментов има 9 општини кои може да ги добие коалицијата ВРЕДИ доколку сите четири фактори во неа одат заеднички:

1. Арачиново
2. Чаир
3. Тетово
4. Гостивар
5. Врапчиште
6. Сарај
7. Студеничани
8. Боговиње
9. Желино

Во 6 општини ДУИ има предност и ако не се смени нешто драматично оваа партија таму може добие градоначалници и мнозинство во советите:

1. Долнени
2. Струга
3. Липково
4. Пласница
5. Дебар
6. Теарце

Општини кои се комплицирани односно градоначалникот може да биде и Албанец и Македонец се две и таму исходот ќе зависи од локалните коалиции и компромиси но и трговија во која ќе бидат вклучени други општини:

1. Брвенца
2. Кичево

Локалните избори треба да се случат во Октомври.