Кој е Балканецот кој имаше специјален статус на инаугурацијата на Трамп и стоеше до Меланија, Доналд, Барон и Илон Маск (ВИДЕО)

Малкумина знаат кој е Балканецот кој имаше специјален статус на инаугурацијата на Трамп и стоеше до Меланија, Доналд, Барон и Илон Маск.



Неговото име е Виктор Кнавс и тој е човек со специјален статус кај семејството Трамп затоа што е татко на првата дама на Америка Меланија Трамп.

Има 81 година и живее во Словенија но секогаш кога има важен настан во животите на семејството Трамп како инаугурација, матура, или слична прослава тој е тука веднаш до Доналд и Меланија.

Заедно со својата сега покојна сопруга Амелија Виктор Кнавс бил дел од одгледувањето на Барон Трамп кога тој се родил.

Роден е во словенското градче Расече а работел како бизнисмен. Заради блискоста со Трамп Виктор сега се смета за еден од највлијателните Балканци.

Целата сторија за човекот кој се појавува на сите видеа и слики од семејството Трамп на важни семејни настани.

https://x.com/DisrespectedThe/status/1882521471945503133?t=pIro771Wce3OFosV6o1BFA&s=19