Дел од порталите на албански јазик интензивно споделуваат информација дека во Македонија се подготвува граѓанска војна.
– Повеќе македонски здруженија, блиски до опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, одново повикуваат на граѓанска непослушност со која сакаат да и се спротивстават на насилничката политика на актуелната влада на Зоран Заев- вперена против македонскиот народ, пренесува Порталалб цитирајќи извори од Македонија.
Интернет порталот ги набројува здруженијата „Тврдокорни“, движењето „Ребрд“ (“Rebirth”), Светски македонски конгрес , како иницијатори, чија крајна цел е враќањето на власта во рацете на народот по пат на граѓанска војна.





