Зошто лидерот на ВМРО – ДПМНЕ вечерва во Могила објави дека во Кавадарци попладнево е уапсен кандидатот на неговата партија за градоначалник Митко Јанчев кој што подоцна не го потврди инцидентот.
Извори во изборниот штаб на Јанчев вечерва брифираа дека во Кавадарци е уапсен кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ за подоцна тој на соочување на локална телевизија воошто да не проговори дека се случил таков инцидент откако Груевски во Могила зборуваше за апсењето.
Откако МВР демантираше дека е уапсен Јанчев а потврди дека на полициски распит бил повикан неговиот најблизок соработник, кандидатот за градоначалник практично ја негираше изјавата на Груевски што ја отвора дилемата зошто лидерот на опозицијата е доведен во ситуација да кажува непроверени информации.
Ситуацијата дополнително ја комплицира и порталот Курир кој важи за близок на ВМРО – ДПМНЕ кој најпрвин објави дека се случил инцидент и ја цитираше изјавата на Груевски а подоцна да ја тргне веста за тоа.







