Соседната земја, терминот Македонија, долги години го разбираше како национална, а не како географска карактеристика, сега треба да се најде географска или територијална одредница. Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас во интервју за грчката телевизија Алфа вели дека негова желба е името да биде непреведно, на словенски јазик, а таков пример се Нова Македонија, Вардар Македонија, Горна Македонија. Додава дека доколку тој би бил кум на земјата, немало да сака да биде вклучено името Македонија.
Шефот на грчката дипломатија вели дека во Виена имало речиси 12 часа континуирани преговори, но сѐ уште не постои договор за ниту една точка. Во однос на изјавата на македонскиот премиер дека се отстранети три од седум точки во разговорите, Коѕијас, вели дека понекогаш е важно како се толкуваат, затоа што „можеби господинот Заев мисли дека сме договорени за генералните принципи за решение на некои проблеми, а јас можеби мислам на попрактичното решение“.
-Мислам дека премиерот Заев изразува еден оптимизам што е добар за преговорите. Имавме разговор точка по точка и кога преговараш точка по точка, во основа за ништо не можеш да се согласиш. За секоја точка имаш мислење, има и другата страна свое мислење. Она што можеш да направиш е овие различни мислења да ги ставиш во еден пакет. Академски, ова го викаме пакет решение,што значи јас ќе ти дадам нешто што не е толку важно за мене,но за тебе е поважно, а ти ќе ми дадеш едно прашање што е важно за мене, а за тебе е малку помалку важно. Затоа што во спротивно нема да има договор, објасни шефот на грчката дипломатија.





