Коѕиас: Ќе треба да се пресече „Гордиевиот јазол“

„Александар Велики докажа дека мора да се пресече (Гордиевиот) јазол. Во одреден момент треба да завршиме со ваквите прашања“, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за Ројтерс.



Тој денес имал средба со премиерот Алексис Ципрас, на која предвидел дека прашањето за името ќе се реши до јуни.

Ципрас и Коѕиас зборувале за сите најнови детали, особено за одвивањето на процесот во соседната земја, како и за координацијата на нивните следни потези.

„Катимерини“ вечерва објави дека во тек е договарање на нова средба на министрите за надворешни работи.

Коѕиас и Ципрас констатирале дека се се одвива мирно, двете страни ќе постигнат договор – ќе има нов состанок на самитот помеѓу премиерите Ципрас и Заев, но датумот се уште не е утврден.

Во интервју за Ројтерс Коѕиас изјави дека нацрт-предлогот за компромисно име ќе биде подготвен овој месец и доставен на Скопје.