Пратеникот на главната грчка опозициска партија Неа Демократија, Јоргос Кумуцакос, вчера го ставил под знак прашање правото и летимитетот на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, да преговара за спорот со името со северниот сосед.
Шефовите на дипломатиите на Грција и на Република Макдонија, Никос Коѕиас и Никола Димитро, синоќа имале пријателска вечера во Њујорк.
Вечерата доаѓа два дена по средбата на Косиас со генералниот секретар на ОН, Антониоо Гутереш, по оја грчкиот министер изјави дека се отвора „прозорец на можности“ околу спорот за името, но дека за тоа ќе се зборува по локалните избори.
Во дискисијата во Парламентот, поврзана со одлуките на Европскиот суд за човекови права околу прашањето на „Скопје“, Кумуцакос поставил неколку прашања, пренесуваат грчки портали и твитерџии.
Дали има (министерот за надворешни работи) некој преговарачки мандат и ако има што значи тоа?
Со каков кредибилитет седнува на преговарачка маса?
Која е неговата позиција?
Оваа игра со националните прашања е завршена. Неа Демократија тоа нема (немо) да го гледа, рекол Кумуцакос, кој е инаку министер за надворешни работи „во сенка“ во најголемата опозициона партија.





