Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ја споредува Македонија со невеста на свадба која се мисли дали да го прифати презимето на сопругот.
– Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг – изјавил тој за Ројтерс.
Пред самото пристигнување на медијаторот во Атина, Коѕиас за грчка државна телевизија изјави и дека проблемот вклучува 7 точки: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, знаците и акронимите. Побара уставни промени како и промена на македонските пасоши и лични карти.





