Одложениот разговор меѓу медијаторот во грчко – македонскиот спор за името Метју Нимиц и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас што требаше да се случи на 5 јули во Атина конечно по 12 дена ќе одржи денеска во Брисел.
Предходно Нимиц во Скопје се сретна со претседателот Иванов, Премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров по што американскиот дипломат изјави дека „не треба да се очекуваат драматични чекори или промени во наредниот период“.
Нимиц во Скопје се сретна и со лидерите на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски и на ДУИ Али Ахмети со кои најверојатно разговарал за можноста опозицијата и албанскиот блок да поддржи решение за кое би се договориле владите во Скопје и Атина.
За време на средбите во Скопје Нимиц беше информиран дека поради зафатеност со разговорите за Кипар владата во Атина не може да го одржи закажаниот состанок.
Средбата Коѕиас – Нимиц денеска ќе се случи на маргините на Советот за надворешни работи на Европската унија а неофицијалните информации од Брисел велат дека не се исклучува медијаторот да се сретне и со други влијателни фактори на меѓународната сцена.





