Атина прави нови тензии во пресрет на продолжувањето на преговорите за името кои што треба да се интензивираат по завршување на локалните избори.
Грчки извори тврдат дека Атина е бесна на најновиот потег на македонската дипломатија во врска со генералниот конзул на Македонија во Торонто Канада Јовица Палашовски.
Палашовски беше вратен на консултации во земјава откако грчката дипломатија и дијаспора како провокација го оцени неговиот говор на настан во чест на 8 септември во Торонто на кој беше прикажана мапа на Географска Македонија.
Министерот Димитров подоцна најави дека македонските дипломати веќе нема да водат провокативна дипломатија по што Палашевски беше вратен во Македонија на консултации што во Грција беше доживеано како откажување на Скопје од старата политика на присвојување на територии и историја.
Откако Палашевски по објаснувањето во МНР дека бил гостин на настан организиран од организацијата Обединети Македонци и откако неговата заменичка направи скандал во кој замолче говорник на друг настан тој е вратен во Торонто каде што ќе остане до крајот на својот мандат.
Веднаш по првото негово појавување во канадската јавност неговите активности се пријавени од грчката дијаспора во Канада до МНР во Атина каде што се подготвува барање за објаснување од македонскиот министер.





