Пораз на Русија во Босна или триумф на Холандија со Хрватска не се вообичаени резултати за официјални кошаркарски натпревари во последните половина век, па и нешто повеќе. Но на стартот од новите квалификации за СП во Кина во 2019 година се случуваат тектонски поместувања. Тие во принцип говорат за дуели на некомплетни селекции на фаворитите и често целосни екипи на аутсајдерите.
БиХ славеше со Зборнаја со 81-76, а Холандија беше подобра од Хрватска со 68-61.
Неодминлив е впечатокот дека овие големи победи на малите селекции се должат на конфликотот меѓу ФИБА и УЛЕБ, и отсуството на голем број играчи за првиот од трите термини, наречени квалификациски прозорци.




