Два тренера на прволигашки екипи од нашата земја веќе си заминаа од клубовите со кои го започнаа новиот шампионат иако до сега во него се одиграа само 4 кола. Тенките нерви на раководствата, немањето сенс кај навивачите или нешто сосема друго веќе ги исфрлија и ги оставија без работа Игор Михајловски од Куманово и Борче Даскаловски од Карпош Соколи. Во Куманово побрзо реагираа и веднаш го донесоа Александар Петровиќ кој врвот на кариерата го имаше со МЗТ Скопје пред скоро една деценија, а во Карпош се уште размислуваат, па во денешниот дуел од ФИБА Еврокупот кај унгарскиот Сомбатељи (18.30) одат со Ангел Тасевски на кормилото.