По изјавата на кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски дека „народот во Струмица, во Паланка и во цела Македонија веќе не може да го гледа СДСМ“, со објава на Фејсбук реагираше градоначалникот на Валандово Перо Костадинов.
“Другарите кои сакаш да ги водиш, не можеш да ги навредуваш и шиканираш. Бидејќи тие не се твоја сопственост. Тие се твоето богатство и сила!”, напиша Костадинов во објава на Фејсбук.
Деспотовски неодамна се огласи на социјалните медиуми со отворена критика упатена директно кон крилото на Заев кое го поддржува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче како свој фаворит за нов лидер на СДСМ.
Четири кандидат се во трка за претседател на социјалндемократите…






