Костадиновска Стојчевска: Не сум користела буџетски средства ниту службена картичка за купените куфери

Поранешната министерка за култура, тврди дека куферите во Лондон ги купила со сопствени средства и демантира дека трошела буџетски пари



-Додека народот чека ВМРО-ДПМНЕ да почне нешто да работи како власт и да ги исполни изборните ветувања, тие снимаат прес-конференции на кои со драматично изнесување на лаги сакаат да ја дефокусираат јавноста од нивните скандали кои ја тресат актуелната власт.

Доколку имаат било каква индиција за криминал односно криминално работење од моја страна во Министерството за култура ги охрабрувам да поведат постапка пред надлежните инстанци.

Бидејќи нема, затоа ВМРО-ДПМНЕ се реши на прес конференции да лови во матно каде нема ниту едно прекршување на законите и со ширење на невистини.

Објавувам еден од доказите дека не сум користела буџетски средства ниту службена картичка за купените куфери, напиша пратеничката која сподели слика од трансакциска сметка

Извор: Facebook