Во Косово живеат 1.602.515 жители, вклучувајќи ја и проценката за десетте општини со мнозинско српско население во кои главно беше бојкотиран овогодишниот попис, соопшти косовската Агенција за статистика.



Од нив над 90 проценти се Албанци, а останатите припадници на малцинствата, речиси непроменета состојба во однос на претходното пребројување од 2011 година.

Иако мнозинството од населението во Косово се изјаснило дека се припадници на исламската вероисповед на пописот од 2024 година, бројот на жители кои се изјасниле како православни и оние без вероисповед значително се зголемил во споредба со пописот од 2011 година. Во 2011 година имало 1,48 отсто православни, додека на пописот од 2024 година биле регистрирани 2,31 отсто.

Податоците од пописот покажуваат и дека просечната возраст на населението во Косово е околу 34 години.

Податоците од пописот покажуваат и дека просечната возраст на населението во Косово е околу 34 години.

Податоците покажуваат и дека 92,8 отсто од жителите на Косово поседуваат сопствени станови, додека околу 5,3 отсто живеат во изнајмени простории.

Во моментов, просечниот број на лица по домаќинство во Косово е 4,33, додека во 2011 година тој бил 5,90.

Во овие податоци не се вклучени оние граѓани на Косово кои живеат во дијаспората, бидејќи процесот на нивно попишување се уште е во тек.

Според досегашните податоци на Агенцијата за статистика, во дијаспората се регистрирани околу 550.000 лица.

Дури 92,8 отсто од жителите на Косово поседуваат сопствени станови, а околу 5,3 отсто живеат во изнајмени простории.

Во моментов, просечниот број на лица по домаќинство во Косово е 4,33, во споредба со 5,90 во 2011 година.

Во овие податоци не се вклучени оние граѓани на Косово кои живеат во дијаспората, бидејќи процесот на нивно попишување се уште е во тек.

Според досегашните податоци на Агенцијата за статистика, во дијаспората се регистрирани околу 550.000 лица.

На овој попис се регистрирани и штетите од војната од февруари 1998 до јуни 1999 година, во која загинале 11.417 лица, исчезнале 1.047, ранети се 6.682, а затворени 3.312 лица.

Во исто време, 154.272 домаќинства претрпеле материјална штета за време на војната.

Воениот период е дефиниран како временска рамка од 28 февруари 1998 година до 11 јуни 1999 година, се вели во извештајот на Агенцијата за статистика на Косово.