Косовските претставници со лобирање успеале да ја тргнат од агендата во Трст идејата за формирање на „Балканската царинска унија“ која што е дел од планот на Брисел за формирање на единствен заеднички пазар што треба да донесе развој и стабилност.
Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај во изјава за меѓународните медиуми вели дека неговата влада успеала да ги тргне разговорите за царниска унија надвор од темите во Трст.
Дел од причините за ваквиот потег на Приштина се политички, поради стравот дека ќе влезат во заедница каде што повторно ќе се соочат до доминација на Белград но пред се поради тоа што Косовските приходи главно се базираат на царинските такси. Доколку остант без нив постои закана дека Косово може да влезе во огромен државен дефицит.





