Косово се заканува со трговска војна против Македонија

Доколку македонската влада не ги укине „нетрифните“ бариери за косовските производи Косово ќе започне трговска војна против јужниот сосед кој што не ги почитува правните обврски во однос на Приштина.



Ова го највува Косовската стопанска комора  која што тврди дека Македонија или ФИРОМ како што ја нарекува државата, секогаш при увоз на косовски стоки употребувала различни форми на нетарифни бариери со цел да се спречи увоз на стока од Косово.

Косовската комора за овој проблем ги информирала сите надлежби служби на Косово со цел да се овозможи косовските бизнисмени да можат да ги продаваат своите производи во Македонија без дополнителни давачки и процедури.

„Дојде време Косово да го заштити својот пазар и да преземе адекватни мерки против Макеоднија и сите други земји кои што создаваат бариери за косовскиот бизнис“, сметаат претставници на косовската трговска комора.

Според претседателот на Косовската стопанска комора Сафет Герџалиу покрај косовската вода македонските власти одбиваат слободен извоз на брашно и пченица од Косово.

Герџалиу вели дека за проблемот е информирана македонската амбасада во Приштина и дека наскоро може да се дојде до договор преку состанок кој што би го организирала ЦЕФТА.

Доколку Македонија продолжи да ги блокира косовските производи и да им наметнува дополнителни такси Косово ќе возврати со исти такви мерки за македонските производи. Косово е десетти надворешно трговски партнер на Македонија и еден од ретките со кои земјата остварува суфицит во трговската размена.